Д.Т.П.У. „ЦИРУСИ” ДООЕЛ е компланија основана во 1994 година. Основна дејност на фирмата е трговија со авто делови и авто козметика на големо и на мало.
Фирмата е увозник и овластен застапник на влечни евро куки од полската фирма АУТО-ХАК, со сопствена монтажа на истите според сите европски прописи и европски сертификати, со пристапни цени.
Фирмата исто така увезува и други резервни авто делови и авто козметика од автомобилската индустрија и е овластен застапник на повеке фирми од Полска. Како што се ауспуси и делови за ауспуси од фирмата ПОЛМОСТРОВ со 2 годишна гаранција, катализатори, замена на катализатори, еластични црева и црева за катализатори од фирмата ЈМЈ Полска со 2 години гаранција, амортизери, водни пумпи, потисни плочи, ламели, зглобови и друго.
Како и повеке други производи од автомобилската индустрија, фирмата увезува и разна авто козметика како типски патосни кроени според модел и година на возилото и патосници за гепек од фирмата ФРОГУМ, голем избор на раткапни од фабриките ЏЕСТИК и ЛЕОПЛАСТ, и голем избор на кровни куфери, кровни носачи и држачи за велосипеди од производителот ТАУРУС.
Исто така фирмата увезува и широк асортиман на приколки и резервни делови за приколки како, шапи, тркалца, штопови, приклучоци за струја, калници и друго.
Седиштето на фирмата и магацинскиот простор се наоѓа на ул. „Стогово бр. 27 Б СКОПЈЕ”. Располагаме со широк асортиман на резервни делови и авто козметика за автомобили и голема залиха на истите.
Повелете, посетете нѐ и уверете се зошто повеќе од 20 години сме една од најуспешните компании во нашата земја во трговија со авто делови и авто козметика на големо и на мало.
